Затворете

Пребарување

Како да знам дека ми е потребен преглед на видот?

Ако имате заматен вид, тешкотии при читање, главоболки или напрегање на очите, време е да посетите оптометрист.

Колку често треба да правам преглед на видот?

Возрасните треба да прават преглед на видот секои 1-2 години, а децата и луѓето со специфични проблеми со видот почесто, според препораката на оптометристот.

Што се прогресивни леќи?

Прогресивните леќи се мултифокални леќи без видливи линии, кои овозможуваат јасен вид на сите растојанија.

Кои се разликите меѓу еднофокални и бифокални леќи?

Еднофокалните леќи имаат една диоптрија за корекција на видот на одредено растојание, додека бифокалните имаат две диоптрии, една за близина и една за далечина.

Што е анти-рефлексен премаз и дали ми е потребен?

Анти-рефлексниот премаз ја намалува рефлексијата на светлината на леќите, што ги прави поудобни за носење и го подобрува видот, особено при ноќно возење и работа на компјутер.

Како да изберам оптички рамки кои ми одговараат?

Изберете рамки што одговараат на обликот на вашето лице, вашиот стил и личност, како и на вашите потреби и активност.

Кои материјали се најдобри за оптички рамки?

Најчести материјали се метал, пластика, титаниум и ацетат. Секој материјал има свои предности во однос на тежина, издржливост и стил.

Колку долго траат оптичките рамки?

Со добра грижа, оптичките рамки може да траат неколку години. Сепак, траењето зависи од квалитетот на материјалите и начинот на употреба.

Дали можам да користам истите рамки со нови леќи?

Да, ако рамките се во добар состојба, можете да ги задржите и само да ги замените леќите со нова рецептура.

Назад кон Врвот
Производот е додадена на вашата корпа