По пошта
Визус врши испорака до врата во сите градови и села во рамките на целата држава. Услугата ја наплаќаме автоматски при вршење на самата нарачката. Цената за услугата за достава е вариабилна во зависност од износот на нарачката.
Со цел да бидеме професионални и ефективни, испораката ја вршиме преку надворешен партнер кој е специјализиран за извршување на услуги за испорака.
Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведено во вашата нарачка и ќе вложиме разумни напори да ги испорачаме производите во рок од 2 работни дена по добивање на потврда дека Вашата нарачка е успешно реализирана и платена. Сепак, ние не можеме да гарантираме достава во овој рок, но можеме да гарантираме дека сите производи ќе Ви бидат доставени во рок од 7 дена по приемот на уплатата, освен при исклучителни оправдани околности.
Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.
Подигни во продавница
За сите купувачи кои се заинтересирани сами да ги подигнат производите, при вршење на нарачката можат да ја одберат опцијата подигни во продавница. Во тој случај, ние нема да ја извршиме порачката до вашата врата туку ќе очекуваме дека вие самите ќе дојдете во нашите простории и самостојно ќе ја подигнете нарачката.
Оваа услуга е бесплатна.